Унгарија испрати протестна нота до Хрватска

Унгарскиот амбасадор во Загреб испрати до хрватското Министерство за надворешни работи протестна нота за понудата на Министерството да го отвори главниот граничен премин на границата со Србија под услов српските власти бегалците да ги насочат кон Унгарија.
Дипломатската нота е испратена на барање на унгарскиот Министер за надворешни работи Петер Сијарто, соопшти унгарското министерство за надворешни работи.
Според унгарското министерство, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ разговарал по телефон за тоа прашање со Сијарто и двајцата изразиле согласност дека барањето на Хрватса е неприфатливо според европските норми.
Унгарија бара Хрватска да се врати кон европските стандарди на однесување и ги регистрира и нуди услуги на згрижување на мигрантите, се наведува во соопштението на унгарското минисертсво.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
