Украински напад врз рускиот град Новоросијск, погодени брод и складиште за нафта

Цивилен брод закотвен во пристаништето е оштетен во ноќешниот напад на украински беспилотни летала врз рускиот град Новоросијск, а тројца членови на екипажот се повредени и хоспитализирани, објави Центарот за вонредни ситуации на Краснодарската област.
Во нападот е оштетено и складиште за нафта во претоварниот комплекс Сешарис, каде што избувна пожар, што набрзо беше изгаснат, јавуваат руските медиуми.
Вкупно 172 лица и 51 возила и опрема од единиците за вонредни ситуации учествуваа во гаснењето на пожарот.
Штета е предизвикана и на четири станбени згради поради падот на остатоците од дронот, каде што еден човек е повреден и хоспитализиран, објавија руските власти.
Руското Министерство за одбрана објави дека силите за воздушна одбрана во текот на ноќта собориле 216 украински беспилотни летала над руските региони.
Поголемиот дел од беспилотните летала, вкупно 66, беа соборени во Краснодарската територија, уште 59 над Црното Море, 45 во Саратовската област и 19 во анектираниот Крим, се прецизира во соопштението.
Ново на Сител
-

Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
