-->
-->
Украдени над 70.000 евра на македонските патишта - полицијата го уапси крадецот
-->
- МВР поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство во Скопје против И.И. (30) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 73.000 евра.Од судија на претходна постапка на И.И. веќе му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
МВР информира дека И.И. на 12-ти овој месец нешто по седум часот, на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје забележал дека во возилото на оштетениот има торбичка со пари, која што била на совозачко седиште од автомобилот.
- Откако оштетениот тргнал со своето возило, напуштајќи ја бензинската пумпа, во правец кон Скопје, бил престигнат од возилото на пријавениот И.И. кој во еден момент со десната рака почнал да покажува кон десното задно тркало од возилото на оштетениот сигнализирајќи дефект. Оштетениот застанал и се упатил кон задниот дел од возилото за да провери за што станува збор, а пријавениот во тој момент ја одземал торбичкаата и избегал, се вели во соопштението од МВР.
Веднаш по пријавата презмени се мерки и активности. И.И. е приведен, а во полициска станица извршено е и препознавање на обвинетиот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР го бара лицето кое го чувало заловениот волк во Козле, му следува казна до 20.000 евра
-

Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
-

Нови 11,3 милиони денари поддршка за занаетчиите, малите и средните претпријатија
-

Владата донесе одлука за отворање македонска Амбасада во Литванија
-

СВР Битола апелира граѓаните да внимаваат на пријави за лажни сообраќајни несреќи
-

Во следните три дена прекин во снабдувањето со вода за сите корисници од водоводот Росоки-Дебар
-

Новата сезона во Хераклеа почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија
-

Гевгелија најтопла со 14 степени, нестабилно време со дожд и грмежи во текот на денот
