-->
-->
УКА: Да се избришаат сите светски рекорди во атлетиката?!
-->
Британската атлетска федерација УКА побара да се избришаат сите светски рекорди поради бројните допинг скандали што ја потресоа атлетиката.
Челниците на атлетиката во В.Британија (УКА) сметаат дека светските рекорди треба да се поништат за да започне чисто натпреварување. Поради тоа составија листа на барања која вклучува долгорочни суспензии за спортистите со позитивни наоди, како и јавен регистар на тестираните атлетичари. Претседателот на УКА Ед Ворнер рече дека е време за „радикални реформи“.
Во меѓувреме светската антидопинг агенција (ВАДА) побара Русија да се суспендира од сите атлетски натпреварувања како и да се затвори нејзината лабораторија за допинг тестови.
ВАДА ги испита обвиненијата и наведува дека раководни луѓе на руската федерација и на меѓународната атлетска федерација ИААФ преку корупција овозможиле допингувањето да минува неказнето. ИААФ преку „системски пропусти“ спречил ефикасна антидопинг програма и, се вели понатаму во заклучокот на ВАДА , на ОИ во Лондон со то што заедно со АФ на Русија не реагирале на руските атлетичари за кои се сомневало дека се допингуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
