УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ - 04 пријави, дека рокот истекува во среда, на 25 декември 2024 година. До денеска, според УЈП, од вкупно 7 397 очекувани ДДВ - 04 пријави, поднесени се само 1 831 што е само 24,75 отсто од вкупниот број.
Остануваат уште 5 566 ДДВ - 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите два дена. Според податоците, најголем процент на поднесени ДДВ - 04 пријави е забележан во РД Тетово, додека најмалиот процент се забележува во РД Битола.
- Не го одложувајте процесот. Поднесете ги вашите ДДВ - 04 пријави навреме и избегнете непотребен стрес или санкции. Покажете одговорност и усогласеност во вашето деловно работење и бидете пример за одговорни даночни обврзници. Уште денеска поднесете ги сите потребни документи до вашите сметководители со цел навремено изготвување на ДДВ – 04 пријавите и доставување во рокот, апелира УЈП.
Ново на Сител
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
