УХРМ најавува голем пресврт следната недела
Времето денеска ќе биде променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ќе дува умерен јужен ветер. Утринските температури ќе се движат од еден од пет, дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од шест до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се спушти до три степени, а максималната ќе достигне осум степени.
Во вторник ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на планините од снег. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Потоа од среда следува период на стабилно и суво време, а од четврток со значителен пораст на дневната температура.
Во недела температурите ќе достигнат до 23 степени.
Ново на Сител
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
-

„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија
-

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
