-->
-->
УХМР најавува ново невреме со пообилен дожд и град
-->

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 2 Кр. Паланка, 3 Ѓуриште, Берово, Штип, Виница, Дојран, 4 Прилеп, Струмица, 5 Скопје-З.Рид, 6 Гевгелија, Куманово, 8 Скопје-Петровец, Д. Капија.
Времето денес (15.06 2017 год.): Во источните делови сончево со мала до умерена облачност. Во западните променливо облачно со повремени врнежи од дожд, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат и поинтензивни, со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Подоцна попладне нестабилно ќе биде и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена. УВ=7


Во Скопје температура до 30 °C.
НАЈАВА: Утре во текот на денот нестабилно ќе биде во јужната половина од земјава. Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува во петок кон сабота. Во сабота во текот на денот ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови. Засилен ветер и пониски температури ќе има до понеделник, а во недела можен е слаб дожд.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
-

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата
-

Приведени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола
