Свет
31. January 2022 - 9:59

Убиени двајца полицајци во Германија

Двајца полицајци се убиени од огнено оружје за време на сообраќајна контрола во западна Германија денеска во раните утрински часови, соопшти локалната полиција.

Полицијата трага по осомничените кои побегнале од местото на настанот, се вели во соопштението на полицијата на Рајнланд-Пфалц, пренесува Ројтерс.

Од полицијата наведуваат дека не е јасно во кој правец побегнале осомничените, како и дека немаат опис на осомничените и возилото користено во бегството.