-->
-->
Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-->

На 23.02.2026 во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода М.П.(30) од Република Србија.
Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел астра“ со српки национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ - Гевгелија.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изборен молк на сила во Словенија пред неизвесните парламентарни избори
-

Иран првпат употреби интерконтинентална ракета со среден дострел во напад врз американско-британска воена база; Пентагон не потврдува
-

Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
