Уапсен поранешниот српски министер Слободан Милосављевиќ

Во рамки на досега најобемната акција за борба против корупцијата во Србија, српската полиција упаси 79 лица, меѓу кои се и поранешниот министер за трговија и за земјоделство Слободан Милосављевиќ, неколкумина некогашни помошници министри и директори на јавни претпријатија, како и повеќе бизнисмени, јави Танјуг.
Како што соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, уапсените се товарат дека на државата и нанеле штета од над 100 милиони евра.
Стефановиќ на вонредна прес-конференција во Белград информира дека акцијата е спроведена врз основа на истраги водени уште во 2004 година.
- Акцијата ќе продолжи и немкој нема да биде поштеден, порача Стефановиќ, додавајќи дека веќе се поднесени кривични пријави против 39 лица.
Милосављевиќ, кој е член на опозициската Демократска партија (ДС), беше министер за трговија, туризам и услуги од 2001 до 2004 во владите на Зоран Ѓинѓиќ и Зоран Живковиќ. Од 2007 до 2008 беше министер за земјодлество во Владата на Војислав Коптуница, а потоа од 2008 до 2011 и министер за трговија и услуги во Кабинетот на Мирко Цветковиќ.
Ново на Сител
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
