Уапсен поранешниот египетски премиер и депортиран во Египет

Поранешниот египетски премиер Ахмед Шафик, кој минатата недела најави дека ќе се кандидира на следните претседателски избори во Египет, е уапсен во својот дом во Обединетите Арапски Емирати и веднаш е депортиран во Египет, соопшти денеска неговото семејство.
Шафик се смета за најсилен потенцијален противкандидат на актуелниот египетски претседател Абдел Фатах ел Сиси, кој, како што се очекува, ќе се кандидира за втор мандат на претседателските избори кои ќе се одржат во април следната година.
Официјални претставници на ОАЕ, кои го поддржуваат Сиси, одбија да ги коментираат овие наводи.
Ќерката на експремиерот, Меј Шафик изјави дека официјални лица дошле по нејзиниот татко и го однеле во Египет.
- Се подготвуваме за пат во Франција, кога тие дојдоа и го однесоа. Го депортираа со приватен авион. Рекоа дека го носат во Египет. Само затоа што најави дека ќе се кандидира за претседател го депортираа, истакна Меј.
Портпарол на египетското Министерство за надворешни работи не бил достапен за коментар, меѓутоа, египетски судски претставник нагласи дека Шефик во овој момент не е осомничен ниту за едно кривично дело, и дека против него се водат неколку случаи, меѓу кои и за корупција, но тие во меѓувреме се отфрлени.
Тој додаде дека не добиле информации во врска со наредба за депортирање.
Ново на Сител
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
