У21: Македонските фудбалери поразени од Холандија
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го претрпе првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025, откако попладнево во Скопје загуби од Холандија со 2-0 (0-0).
И покрај поразот, избраниците на селекторот Драган Канатларовски одиграа рамноправен натпревар против уште еден фаворит во квалификациската група Ц која ја стартуваа со гостинска победа минатата недела во Шведска (21).
Македонските фудбалери попладнево на Комплексот на ФФМ пропуштија неколку идеални шанси за гол пред Холандија да дојде во водство во 68 минута преку Ноа Охио.
Четири минути подоцна Кенет Тејлор од пенал го постигна вториот гол за гостите од Холандија.
Со три бода од два натпревари македонските фудбалери се второпласирани во групата пред следниот натпревар против Молдавија на гостински терен на 17 ноември.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
