Фудбал
28. March 2016 - 23:13

У-21: Македонија непоразена се враќа од Франција

Одличен резултат по вторпат против фаворизираните Французи избори четата на селекторот Благоја Милевски во квалификациите за ЕП за фудблаери до 21г. 

Одличен старт на мечот, офанзивна игра и неколку закани кон голот на домаќинот резултираа со водство на Македонија преку Виктор Ангелов во 15минута. 
Французите брзо нападнаа за израмнување и тој гол им го донесе нашиот дефанзивец Бејтулаи од една безопасна ситуација кон нашиот гол кога несмасно ја зафати нафрлената топка и со глава ја смести зад грбот на Алексовски. 
До крајот на првиот дел Франција иако погоди во рамките на голот не делуваше како подобар противник и резултатот остана непроменет. 
Македонија против фаворитот упати четири удари во овој дел и изведе 5 корнери. 
И во вториот дел одлично париравме а помогнаа и двете одлични одбрани на голманот Алексовски да освоиме голем бод на ова тешко гостување во Леман. 
Следниот дуел е во мај во Шкотска. 
Македонија сега има 9 бодови од 6 средби колку што одигра и Исланд со 12 бодови додека Франција е прва со натпревар повеќе и 14 поени.