Туск: Европската иднина на Полска е несигурна

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск синоќа изјави дека европската иднина на Полска е несигурна.
- Европската иднина на Полска денес е под прашање. Ги разбирам чувствата на Полјаците, кои стравуваат за судовите и за иднината на земјата во Европска унија, истакна Туск, кој е поранешен полски премиер.
Владата на Туск и центристичката партија Граѓанска платформа беше на власт осум години, а во 2015 година беше заменета од конзервативната популистичка партијата Право и правда, предводена од Јарослав Качински, брат близнак на загинатиот претседател Лех. Тој се залага за воведување на радикални реформи.
Дел од Полјаците оценуваат дека судскиот систем е корумпиран и наликува на тој од комунистичката ера, додека други сметаат дека реформите на Право и правда се обид за зацврстување на власта, со кои се нарушуваат демократските норми.
- Има многу прашања за кои постапките на полската Влада изгледаат многу противречно од гледна точка на ЕУ, а понекогаш вклучително и на Будимпешта, истакна Туск.
Ново на Сител
-

Новиот закон овозможува државни и приватни дата центри, вели Николоски
-

За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
-

Иран предупреди на масовен одговор по заканите на Трамп за напади врз критичната инфраструктура
-

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати | ФОТО
-

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка
-

Николоски: Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата стартува на крајот на годинава
-

Определен 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски
-

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по потера уапсен во Скопје – пронајдени марихуана и нож
