Турција испраќа 1.000 тони хуманитарна помош во Мјанмар

Претставникот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калан, изјави дека Турција почнала да испраќа храна, облека и лекови со хеликоптери во Мјанмар, во зоната од каде муслиманите - Рохинги бегаат од насилството.
Изјавата беше дадена откако Ердоган телефонски разговорал со шефицата на Владата на Мјанмар Аун Сан Су Чи.
Властите во Мјанмар дале дозвола за првите пратки хуманитарна помош во северозападниот дел на земјата.
Предвидено е во Мјанмар да бидат испратени 1.000 тони хуманитарна помош од Турција.
Насилствата во Мјанмар почнаа на 25 август, откако бунтовници од Армијата за спас на Рохингите во Аракан нападнаа десетици полицајци.
Како одоговор на тоа, војската на Мјанмар почна голема операција во државата Ракхајн, што е окупирана од Рохингите.
Во судирите, досега се убиени 400 лица, од кои 370 се „терористи“ Рохинги.
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
