Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово

Со финалните дуели во машка и женска конкуренција вчера во Тетово заврши тридневното Балканското првенство во одбојка на песок до 22 години што се играше од 25 до 27 јуни на игралиште оформено на градскиот плоштад.
Во женска конкуренција победи екипата на Романија, додека втори беа одбојкарките од Турција, а третата позиција го освои Молдавија. Кај мажите најдобри беа Турција 1, додека втората турска екипа ја освои втората позиција. Трети беа одбојкарите од Молдавија.
- Овие три ноќи беа едни од најубавите во Тетово. Благодарност до Одбојкарската федерација на Македонија, честитки на победничките екипи, за другите благодарност за учеството. Се надеваме дека следната година ќе имаме уште вакви настани, истакна градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на затворањето на Балканското првенство.
На ова првенство учествуваа вкупно 15 екипи од шест држави. Покрај македонската репрезентација учествуваа уште одбојкари и одбојкарки од Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија.
Ново на Сител
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
