-->
-->
Тројца загинати во пад на воен хеликоптер во Индонезија
-->
Индонезиски воен хеликоптер се урна на островот Јава, при што загинаа тројца од деветте патници, пренесоа медиумите во Џакарта.
Американските медиуми јавуваат дека индонезиската армија не соопшти за несреќата во која загинаа тројца патници, а шестмина други се повредени и пренесени во две болници во областа Кендал.
Очевидец на инцидентот потврди дека хеликоптерот пред падот летал многу ниско.
„Непосредно пред падот на хеликоптерот, двајца патници скокнаа од него, а потоа леталото се урна и се слушнаа неколку експлозии“, изјави сведокот на несреќата за локалната ТВ Компас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
