Тројца македонски државјани се на бродот задржан близу Јокохама поради присуството на заразени лица од коронавирусот

Потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија, поради присуството на заразени лица од коронавирусот, соопшти Министерството за надворешни работи по информации добиени од Јапонското МНР.
Како што се наведува во соопштението, досега на бродот се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус.
Од Министерството за надворешни работи на Република Македонија посочуваат дека продолжуваат со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.
Граѓаните на Република Македонија кои се наоѓаат во Јапонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Македонија во Токио на дежурниот телефонски број +81 80 4886 0103 или е-маил, tokyo@mfa.gov.mk.
Ново на Сител
-

Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Платил 28.700 евра на лажен службеник за враќање на запленето злато, останал и без пари и без злато
-

75-годишна жена и нејзиниот малолетен внук физички нападнати од нејзината ќерка
-

Николоски: Имаме решение за патот за Теферич, Владата ќе го води проектот
-

Внимавајте на грчките плажи: 250 евра казна ако немате спасувачки елек на SUP даска
-

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи
