Триесет дена притвор за напаѓачот во поштата во Тетово

Триесет дена притвор му определил судија од Основниот суд во Тетово на тетовецот Н.Ќ. (57) кој вчера повреди три лица, две со нож и едно со стакло од кршење на шалтерот во тетовската пошта, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Против Н.Ќ. тетовската полиција претходно поднела кривична пријава за убиство во обид. Тој вчера доцна попладне бил префрлен во истражниот затвор во Шуто Оризари во Скопје.
Н.Ќ. вчера околу 13 часот најпрвин го нарушил јавниот ред и мир во поштата и го скршил стаклото од еден од шалтерите. Од парчињата со повреди се здобила вработената шалтерска работничка Ф.А.(31) од Мала Речица, а кога контролорот С.И.(53) од Камењане дошол да види што се случува, осомничениот Н.Ќ. го нападнал со нож и му нанел расекотина на лицето, по што избегал од поштата.
Надвор тој влегол во блиско такси и побарал од таксистот Х.М.(60) да го однесе до определено место, но откако Х.М. одбил да го стори тоа, Н.Ќ и нему со нож му нанел две убодни рани на десната рака и расекотина на левата. Потоа почнал да бега во правец на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ што се наоѓа во близина на поштата. Меѓутоа бргу бил стигнат и фатен од полицајци по што бил приведен во полициската станица во Тетово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
-

13-годишно дете пренесено во болница со полесни изгореници откако избувнал пожар во стан во Центар
