Македонија
21. July 2017 - 8:26

Трибина за планот 3-6-9 и неговата имплементација

Tрибина посветена на План 3-6-9 и неговата имплементација со претставници на невладиниот сектор, денеска организира Секретаријатот за европски прашања.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, како што информираат од неговиот кабинет, во рамки на трибината ќе се осврне на Планот 3-6-9 и механизмите за координација и следење на неговата имплементација.