-->
-->
Трибина на СДСМ во Крива Паланка
-->

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на трибина во Центарот за култура во Крива Паланка презентираше дел од својата предизборна програма насловена „СДСМ со граѓаните“.
Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска рече дека програмата нуди мерки и решенија за сите целни групи граѓани, пред сѐ за подобар живот на младите, финансиски мерки за стимулирање на домашните компании кои ќе отвораат нови работни места, повисоки плати и пензии, заштита на работниците, одговорност кон возрасните .
- Ќе воведеме финансиска инјекција за домашните компании ако предвидуваат нови инвестиции и отвораат нови работни места со цел да ги стимулираме да ги зголемат платите. Ги слушнавте нашите две гомеи пораки, ќе ја зголемиме минималната плата на 15.000 денари и минималната плата ќе изнесува 29.000 денари, рече Шекеринска.
Истакна дека партиската програма предвидува политика на намалување на казните за фимите според нивната големина, а, како што рече, најпрвин ќе се издава опомена, па потоа казна. - Нашата цел ќе биде Македонија со усогласен план да има три милијарди евра кои за десет години ќе бидат вложени во патишта, инфраструктура, водоводи, канализации, во македонската железница, во македонските села, зашто сакаме граѓаните да не ги напуштаат своите огништа ако не мораат, додаде Шекеринска.
Програмата, потенцира, се заснова на два столба, здравство и образование. Според неа, предвидено е укинување на екстерното тестирање, стипендии за најдобрите студенти, обнова бна студенстските домови и изградба на Студентски град во Скопје, сигурно место за студентите во сите години на студии, додека во здравството се предвидени ослободување од партиципација за болничко лекување за сите граѓани, двојно зголемување на платите на лекарите и минимална плата за лекарите-специјалисти од 100.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
