Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес

Родител од Велес доби условна затворска казна во траење од три месеци откако му овозможил на својот малолетен син да користи електричен тротинет, при што детето и негов другар се здобиле со повреди за време на возењето. Казната нема да се изврши доколку осудениот во следните дванаесет месеци не изврши ново кривично дело.
Основниот суд во Велес го прогласи родителот за виновен за делото „предизвикување општа опасност“. Според обвинителството, инцидентот се случил на 1 мај годинава, кога тротинетот бил оставен во дворот на семејниот дом и бил лесно достапен за користење. Иако бил свесен дека детето може да го земе, обвинетиот не презел мерки да го спречи тоа. Малолетникот подоцна го управувал тротинетот, превезувајќи уште едно дете при што паднале и двајцата се здобиле со полесни повреди.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
