Три лица полесно повредени во седум сообраќајки во Скопје

Седум сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во нив три лица се здобиле со полесни повреди, а материјална штета е причинета во четири сообраќајки.
Од страна на сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден откриени се поголем број прекршоци. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, 10 возачи возеле без возачка дозвола односно нерегистрирани возила, а 40 биле непрописно паркирани.
Санкционирани се и тројца возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитен шлем на главата.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 59 возила.
Во текот на вчерашниот ден од страна на Одделението за превенција е реализирала посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствувале граѓани кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
За сабота, со почеток во 17:45 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамки на СЕХА лигата ќе се одигра ракометниот натпревар меѓу „Металург“ и „Вардар“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
