Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени

Една жена загина, а неколку други лица се повредени денеска во Сараево кога градски трамвај излета од шините на еден од најпрометните улици во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД.
„Едно лице загина. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран, а полицајците се на терен“, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне и притоа ја пробил заштитната ограда и се лизнал десет метри на патот. Целиот преден дел од трамвајот бил уништен.
Во несреќата жената била згмечена од трамвајот кога излетал од шините. За да стигнат до нејзиното тело, пожарникарите морале да ја пресечат оштетената структура на возилото.
Станува збор за еден од старите трамваи од чешко производство, кои се помалку се користат, бидејќи минатата година почнале да ги заменуваат со нови возила произведени од швајцарската компанија Штадлер.
МИА
Ново на Сител
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
-

Премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
-

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок
-

БиХ: Голем пожар на депонија кај Мостар, воздухот е опасен за дишење
-

Макрон по средбата со Рама во Елисејската палата: Ја поддржуваме Албанија на патот кон ЕУ
-

Нестабилно време во Охридско-преспанскиот регион, променливото време продолжува до петок
-

Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во гасниот комплекс „Рас Лафан“ во Катар
-

Багаи: Принципот „обврска за обврска“ е водечки во преговорите со САД
