Трамп телефонски разговарал со Руте за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во врска со Гренланд.
– Се согласив на состанок на различните страни во Давос, Швајцарија. Како што им кажав на сите, многу јасно, Гренланд е императив за националната и светската безбедност. Нема враќање назад – за тоа сите се согласуваат! Соединетите Американски Држави се убедливо најмоќната земја на светот. Голем дел од причината за ова е обновата на нашата војска за време на мојот прв мандат, која продолжува со уште побрзо темпо. Ние сме единствената сила што може да обезбеди мир низ целиот свет – И тоа се прави, едноставно, преку сила!, напиша Трамп на Трут Соушл.
Претходно Трамп изјави дека го поканил својот руски колега Владимир Путин да се приклучи на неговата иницијатива за решавање на глобалните конфликти, наречена „Одбор за мир“.
Во врска со тензиите околу Гренланд, Трамп рече дека Данска не може да ја гарантира одбраната на островот, кој е нејзина автономна територија. Според него, за време на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, што се одржува оваа недела, САД ќе разговараат за прашањето за преземање на Гренланд.
– Мораме да го имаме. Тие мора да го направат тоа. Тие не можат да го одбранат. Тие, Данците, се прекрасен народ. Ги познавам нивните лидери, тие се многу добри луѓе, но тие дури и не стапнуваат таму, изјави Трамп во Палм Бич на Флорида.
МИА
Ново на Сител
-

Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата направена поради поплавите
-

Ѓоковиќ донесе одлука – нема да се појави на терен
-

Од утре „Сејф сити“ почнува да казнува, МВР со апел да се почитуваат правилата
-

Од 1 февруари почнува сезоната за спортски риболов на водите во НП „Маврово“
-

Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти
-

Данска го совлада Исланд за финале против Германија
-

Министерството за правда на САД објави нови досиеја за Епстин, вклучувајќи 3 милиони документи и слики
-

Најмалку 12 Палестинци загинаа во израелски напади во Газа
