Трамп се заканува со царини од 200 отсто за вино и други алкохолни пијалоци од ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.
Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот на американското виски, пишува Блумберг.
Властите во Брисел го оданочија американското виски како одмазда за царините на Трамп за челик и алуминиум кои стапија на сила вчера.
- Доколку оваа тарифа не биде веднаш отстранета, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и жестоки пијалоци кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија, напиша Трамп за европските давачки за вискито на „Truth Social“.
Тој додаде дека овој потег ќе биде „одличен“ за американските компании кои произведуваат вино и шампањ.

Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
