Трамп размислува за испраќање дополнителна „армада“ на Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да испрати уште еден носач на авиони на Блискиот Исток во услови на конфликт со Иран, јави синоќа информативниот портал „Аксиос“.
-Имаме една армада која се движи натаму, а би можела да тргне и друга, рече Трамп во интервју за „Аксиос“, додавајќи дека „размислува“ за испраќање на уште една група носачи на авиони.
Под строги безбедносни мерки, во петокот во Оман почнаа нови преговори меѓу претставниците на Техеран и Вашингтон, при што Оман служи како посредник. Трамп изјави дека разговорите биле „многу добри“ и најави понатамошни преговори, пренесе ДПА.
Новите преговори следат по сериозните масовни протести во Иран, кои беа брутално задушени од безбедносните сили. Трамп тогаш им се закани на иранските власти со воена интервенција и го зајакна американското воено присуство во регионот, вклучително и со испраќање на носачот на авиони „Ју-Ес-Ес Абрахам Линколн“ (USS Abraham Lincoln).
Сега, сепак, се зборува за нов договор за контроверзната нуклеарна програма на Иран. Иранските власти остануваат скептични во врска со преговорите со својот „вечен непријател“ САД.
Вашингтон и Техеран водеа преговори за нуклеарната програма на Иран и минатата година, но тие застанаа откако САД побараа иранското раководство целосно да го прекине збогатувањето на ураниум.
Само еден ден пред почетокот на планираната шеста рунда разговори во јуни 2025 година, Израел го нападна Иран, што предизвика контранапади од Техеран. Помалку од една недела подоцна, американската војска се приклучи на војната и бомбардираше клучни нуклеарни постројки во Исламската Република. Трамп изјави дека иранските нуклеарни постројки биле целосно уништени во тие напади.
-Или ќе постигнеме договор, или ќе мораме да направиме нешто многу остро како минатиот пат, изјави Трамп за „Аксиос“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се очекува денеска да се сретне со Трамп во Вашингтон за да разговараат за преговорите со Иран. Трамп треба да го прими Нетанјаху во Белата куќа во 11 часот по локално време, потврди висок владин претставник за ДПА.
Израел бара секој договор на САД со Иран да ги опфати и ракетната програма на Исламската Република и нејзината поддршка за милитантните групи во регионот. Властите во Техеран неодамна јавно ги отфрлија таквите барања.
МИА
Ново на Сител
-

„Не давајте пари, заработуваат повеќе од сите нас“, доктор Лазаров алармира за лажни просјаци на клиниките
-

На клиника во Дисбург Македонец со коронарна срцева болест опериран со роботски систем од страна на доктор со македонско потекло
-

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
-

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Куманово: БМВ и камион се судрија, возилата изгореа | ВИДЕО
-

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-

Детали за вчерашниот земјотрес почувствуван во Скопје, Тетово и околината
-

Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и ДЗР
-

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада
