Трамп приреди прва ифтарска вечера: Муслимани среќен Рамазан!

Американскиот претседател Доналд Трамп организираше во Белата куќа вечера по повод исламскиот свет месец Рамазан и ја изненади муслиманската заедница бидејчи минатата година избегна да биде домаќин на таа вечера.
Трамп на муслиманите ширум светот им посака среќен празник и испрати порака во која на муслиманската заедница во САД и во странство им понуди обединување.
„Се собираме заедно оваа вечер, ја почитуваме светската традиција на една од најголемите светски религии“, им рече Трамп на собраните, меѓу кои беа и амбасадори од бројни земји со муслиманско мнозинство - Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и Обединетите Арапски Емирати.

Ова е голем пресврт во неговата реторика, бидејќи во текот на претседателската кампања ги повика на потполна забрана за влез на муслиманите во САД и говореше „нас исламот не мрази“:
Во текот на вечерата неколку невладини муслимански организации организираа протести пред Белата куќа наведувајќи дека реториката на Трамп придонесе за зголемување на насилството и дискриминација на муслиманските Американци.
Во Белата куќа ифтар се организира уште од администрација на претседателот Бил Клинтон, а таа традиција ја прекина Трамп минатата година, кога наместо вечера издаде соопштение по повод исламскиот празник.
Ново на Сител
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
