Трамп повторно се закани со траен прекин на финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека трајно ќе го прекине финансисрањето на Светска здравствена органзиација, ако во следните 30 дена СЗО не постигне одредени подобрувања.
– Ако СЗО во следните 30 дена значително не се подобри, привремениот прекин на американското финансирање ќе го прогласам за трајно и ќе го разгледам нашето членство, наведува Трамп во писмото испратено до генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус.
Во писмото објавено на Твитер, Трамп наведува дека не може да дозволи „американските граѓани да плаќаат данок и да продолжат да финансираат организација, која во сегашниот облик така очигледно не служи на американските интереси“.
Во писмото се истакнува дека Гебреисус и СЗО ги повториле погрешните чекори во реагирање на пандемијата и оти Организацијата мора да докаже целосна независност кон Кина.
– Mојата администрација веќе почна разговори со Вас за тоа како да се реформира Oрганизацијата. Но, потребно е брзо да се преземе акција. Нема време за губење, предупредува Трамп во писмото.
Тој ја обвинува СЗО дека е „кинеска марионета“ и оти лошо раководела со одговорот на пандемијата со новиот коронавирус.
СЗО вчера соопшти дека што е можно побрзо ќе почне независна процена на преземените мерки во борбата против пандемијата со Ковид-19.
Трамп во април привремено го суспендира финансирањето на СЗО обвинувајќи дека Организацијара ги поддржува кинеските дезинформации за избивање на епидемијата со Ковид-19.
Ново на Сител
-

Македонската навивачка Фаланга го одбележа празникот Водици и традиционалното скокање по крстот во Архус | ВИДЕО
-

Васко Дрвошанов и годинава го фати светиот крст во Струмица
-

Гимназијалецот Јордан Ангелески го фати светиот крст и е најсреќен на Водици во Прилеп
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга
-

Честитка од Ѓорѓиевски за Водици: Нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
