Трамп: НАТО се соочува со „многу лоша“ иднина ако не помогне околу Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека НАТО може да има „многу лоша“ иднина доколку сојузниците не помогнат да се осигури безбеден премин за комерцијалните бродови низ Ормускиот теснец, кој е од витално значење за глобалниот транспорт на нафта, јави доцна синоќа Фајненшл Тајмс.
-Сосема е соодветно луѓето кои се корисници на теснецот да помогнат да се осигури дека таму нема да се случи ништо лошо – го цитираше ФТ Трамп во осумминутниот телефонски разговор.
-Ако нема одговор или ако одговорот е негативен, мислам дека тоа ќе биде многу лошо за иднината на НАТО – изјави Трамп за ФТ, нагласувајќи дека, за разлика од Соединетите Американски Држави, Европа и Кина се силно зависни од нафтата од Заливот.
Само еден ден претходно, Трамп повика „многу земји“ да обезбедат воена поддршка за да помогнат во обезбедувањето сигурен премин за комерцијалните бродови низ теснецот.
Сообраќајот низ тесниот воден пат речиси колабираше поради безбедносни грижи по американско-израелските напади врз Иран и одговорот на Техеран. Околу една петтина од глобалните пратки на нафта вообичаено поминуваат низ теснецот секој ден.
-Ги удираме многу силно – рече Трамп за ФТ во врска со Иран, пренесе ДПА.
-Не им преостана ништо друго освен да прават мали проблеми во теснецот, но овие луѓе (сојузниците) се корисници и треба да ни помогнат во полициското обезбедување. Ние ќе им помогнеме. Но, и тие треба да бидат таму. Потребни се многу луѓе за да пазат на неколкумина – додаде американскиот претседател.
Трамп исто така навести дека САД „може да го одложат“ очекуваното патување во Кина на самит со кинескиот лидер Шји Џјинпинг, за кој медиумските извештаи укажуваа дека би можел да се одржи кон крајот на март.
-Мислам дека и Кина треба да помогне бидејќи Кина добива 90 отсто од својата нафта од теснецот – рече Трамп. „Би сакале да знаеме тоа пред тоа. Тоа (две недели) е долго време“, го цитираше ФТ американскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
-

Ѕвездата од „The Hunger Games“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Северна Каролина
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
