Трамп нареди повлекување на Националната гарда од Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на трупите на Националната гарда да почнат да се повлекуваат од главниот град, затоа што, како што оцени, сега се е под совршена контрола.
Владата на дистриктот Колумбија минатата недела побара од Гардата да и помогне на полицијата да ги смири протестите по смртта на Џорџ Флојд. Тогаш Трамп нареди илјадници припадници на Гардата и федералните безбедносни сили да бидат на улиците на Вашингтон по одделни случаи на грабеж и насилство. Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер минатата недела го повика Трамп да ги повлече припадниците на Националната гарда кои некои држави ги испратија во главниот град.
Трамп на својот профил на Твитер денеска напиша дека трупите на Националната гарда ќе заминат дома, но оти можат и да се вратат доколку е потребно.

Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
