Трамп на светските лидери им го дал бројот од мобилниот телефон

Американскиот претседател Доналд Трамп го дал бројот на својот мобилен телефон на светските лидери за директно да го повикаат, што е невобичаена пракса со која се крши дипломатскиот протокол и ја загрозува безбедноста и тајноста на комуникациите на првиот човек на САД.
Трамп ги замолил лидерите на Канада и на Мексико директно да го бараат на мобилен телефон, но можноста ја искористил само канадскиот премиер Џастин Трудо.
Според француски претставници, претседателот на САД разменил броеви и со новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, но не прецизираа дали тој ќе ја искористи отворената линија со Трамп.
- Ако разговарате преку отворена линија секој има можност да ја следи таквата комуникација, сигурно и тоа ќе го направат, изјави поранешен советник на Пентагон, Дерек Колет.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
