Свет
8. March 2018 - 9:11

Трамп ќе го потпише документот за воведување царини за увоз на челик и алуминиум

Американскиот претседател Доналд трамп денеска ќе го потпише документот за воведување царини за увоз на челик и алуминиум, јави АФП.

Мексико, Канда и други држави можно е да бидат ослободени од царините, најавија од Белата куќа.

- Исклучоците ќе бидат правени “случај по случај“ и “држава по држава“, најави Сара Сандерс, портпарол на Белата куќа.

Потпишувањето е планирано околу 15:30 по локално време во Вашингтон.