Трамп: Иран се согласува да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Иран се согласил да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години.
Трамп им рече на новинарите пред Белата куќа дека договорот со Иран е „многу блиску“ и дека треба да биде добар договор без нуклеарно оружје, објави Би-Би-Си.
Тој нагласи дека постои „многу силна позиција“ дека Иран нема да има нуклеарно оружје дури и по тој период, додавајќи дека всушност нема временско ограничување од 20 години.
„Да бидеме искрени, нема ограничување од 20 години“, нагласи Трамп.
Тој исто така рече дека би размислил за патување во Пакистан за да потпише мировен договор доколку САД и Иран постигнат договор за прекин на војната.
„Би отишол во Пакистан, да. Ако договорот биде потпишан во Исламабад, можеби ќе одам. Тие сакаат да одам“, рече Трамп.
Трамп претходно вчера посочи дека нова рунда разговори со Иран би можела да се одржи во текот на викендот и рече дека не е сигурен дека е потребно продолжување на прекинот на огнот со земјата.
Тој рече дека Иран е заинтересиран за постигнување договор и посочи дека е „подготвен да прави работи денес што не беше подготвен да ги прави пред два месеци“.
На прашањето што ќе се случи ако САД и Иран не постигнат траен договор, Трамп рече дека воените напади повторно ќе бидат засилени, објави Си-Ен-Ен.
„Ако нема договор, борбите продолжуваат“, заклучи тој.
МИА
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
