-->
-->
Трамп има кец во ракав: Еве во чие друштво Трамп може да оди на состанокот со Ким
-->
Поранешниот кошаркар на НБА Денис Родман ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со северокорејскиот лидер Ким Џонг -ун во наредните месеци и додал дека би сакал да му биде придружба на Трамп на тој состанкок. - Големо почетување за претседателот Доналд Трамп и маршалот Ким Џонг поради нивниот иден состанок. Го реков тоа во 2014 година, дека на „крајот вратата ќе се отвори“, порачал Родман.
Запрашан дали би сакал да биде придружба на Трамп на таа средба, Родман навел дека сака кога и од него тоа би било побарано.
Родман (56) во претходните години беше на насловните страни во весниците поради пријателството со Ким, кој прв пат се запозна во 2013 година.

Тој како што наведува, неколку пати од тогаш патувал во Северна Кореја, а неговата посета во таа земја се случила лани во декември, кога добил одобрување од Трамп бидејќи таму отпатувал како мировен пратеник.
Како што пишуваат светските медиуми,поранешнот кошаркар на НБА рекол дека упатил повик до Трамп за да разговараат за таа средба.
- Се обидов да го добијам Доналд уште од првиот ден и му реков „ Дојде да зборуваме, човече. Ќе ти кажам што сака маршалот повеќе од се“, рекол Родман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
