Трамп им се обрати на Американците: Ова е мрачен момент за сите нас

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека е „исполнет со тага и бес“ по „гнасниот атентат“ врз десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк.
Кирк, лојален сојузник на американскиот претседател, беше убиен на универзитетски настан во Јута вчера попладне по американско време. Властите соопштија дека осомничениот веројатно пукал од покрив од значително растојание, додавајќи дека на собирот на Универзитетот во Јута се собрале околу 3.000 луѓе.
Директорот на ФБИ Каш Пател прво извести дека осомничениот за пукањето во кое беше убиен конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, но неколку часа подоцна објави дека приведениот е пуштен по испрашувањето.
Во видео порака објавена на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека е „исполнет со тага и лутина поради гнасниот атентат врз Чарли Кирк“.
– Чарли инспирираше милиони и вечерва сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Чарли е патриот кој му го посвети својот живот на целта на отворената дебата и на земјата што толку ја сака, Соединетите Американски Држави, наведе Трамп.
– Тој е пример на вистината и слободата, и никогаш не постоел некој кого младите толку го почитувале. Чарли беше, исто така, човек на длабока, длабока вера. И нè теши сознанието дека сега е во мир со Бог на небото, рече Трамп, додавајќи дека го замолил Бог да внимава на сопругата и децата на Кирк „во овој страшен час на болка. Ова е мрачен момент за Америка, додаде тој.
Трамп најави дека неговата администрација „ќе го најде секој од оние што придонеле за овој злостор и за другото политичко насилство“. Трамп напомена дека „радикално-левичарското политичко насилство повредило премногу невини луѓе“.
Тој потсети и на обидот за атентат врз него и убиството на Брајан Томпсон, извршниот директор на ЈунајтедХелткер, минатата година.
МИА
Ново на Сител
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
