-->
-->
Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД или ќе постигнат договор со Иран или ќе ја „довршат работата“, повторувајќи ја заканата со воена акција.
Индиректните разговори помеѓу САД и Иран завршија минатата недела без знаци за напредок кон траен мир, и покрај 60-дневното примирје насочено кон создавање простор за дипломатијата.
– Или ќе склучиме договор или ќе ја завршиме работата. Во ред. И нема да биде тешко да се заврши работата. Подобро би склучил договор затоа што не сакам да повредам 91 милион луѓе, наведе Трамп.
Тој додаде дека американските сили за еден час можат да ги разнесат мостовите и да ја го прекинат снабдувањето со енергија во Иран
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
