Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го откажал вториот бран напади врз Венецуела откако Каракас се согласил на соработка.
Според него САД и Венецуела добро соработуваат, а „големите нафтени“ компании ќе вложат најмалку 100 милијарди долари.
Трамп ослободувањето на голем број политички затвореници го оцени како знак на „потрага за мир“.
-Ова е многу важен и паметен гест. САД и Венецуела добро соработуваат, посебно кога станува збор за обнова, во многу поголем, подобар и помодерен облик, на нивната нафтена и гасна инфраструктура. Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, што изгледа нема да е потребен, но сите бродови ќе останат на место поради безбедност, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).
Тој претходно во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ (Fox News) најави дека венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо следната недела ќе го посети Вашингтон.
Трамп претходно ја отфрли идеја за соработка со Мачадо, тврдејќи оти таа „нема поддршка во земјата или почитување во земјата“. Тој еден ден претходно наведе дека „многу добро се согласува“ со Владата на Венецуела, предводена од вршителката на должност привремената претседателка Делси Родригез.
Во меѓувреме, американската морнарица денеска заплени танкер во Карипско Море во близина на Тринидад.
Тоа е петта американска акција во изминатите неколку недели.
Танкерот Олина претходно исплови од Венецуела, а потоа се врати во регионот, каде беше пресретнат од американската морнарица. Танкерот пловел под лажно знаме на Источен Тимор.
По соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, САД не дозволуваат бродови и танкери, против кои се воведени санкции да влезат или да ги напуштат територијалните води на јужноамериканските земји-членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).
МИА
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
