Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина

Неименуван извор од Белата куќа за весникот Њујорк тајмс изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп би можел да ја укине помошта за Украина.
Тој наведе дека по прекинатата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, Трамп би можел да ја укине целата американска помош за Украина, вклучително и испораката на муниција и опрема, кои се одобрени и платени за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден.
Според него, Трамп би можел да ја стопира и индиректната помош за Украина, што вклучува други форми на воено финансирање, споделување разузнавачки информации, обука на украински војници и пилоти и формирање на меѓународен центар за управување со помош во американската воена база во Германија.
Според податоците на Киел институтот, европските држави досега и доделиле на Украина помош во висина од 138 милијарди долари, додека американската воена и хуманитарна помош изнесува 119 милијарди долари.
Трамп по расправијата со украинскиот претседател истакна дека Зеленски не ги почитува САД и оти не е подготвен за мир.
Зеленски по напуштањето на средбата во Белата куќа, во интервју за телевизијата Фокс њуз изјави дека го почитува Трамп, но мисли оти не треба да му се извини.
-Го почитувам претседателот и го почитувам американскиот народ … мислам дека мораме да бидеме отворени и многу искрени. Не сум сигурен дека направивме нешто лошо, наведе Зеленски.
Тој додаде дека Трамп не е во право кога тврди дека не сака да потпише договор со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека при тоа Украина мора да биде во посилна позиција.
Според Зеленски на Украина ќе и биде тешко да и да ѝ се спротивстави на Русија без американска поддршка и изрази уверување дека неговиот однос со Трамп може да биде спасен.
Трамп по средбата ја исклучи можноста за брзо продолжување на разговорите со Зеленски, тврдејќи дека украинскиот претседател не сака мир.
-Па, тој вели дека го сака тоа сега. Сака веднаш да се врати, но јас не можам да го направам тоа, посочи Трамп.
По прекинатата средба во Белата куќа не е потпишан и договорот за експлоатација на украинските минерални ресурси, според кој приходите од минералите ќе бидат депонирани во заеднички американско-украински фонд, а за возврати Украина да добие американски безбедносни гаранции.
Ново на Сител
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
