-->
-->
Трагедија во Белград: Син на газда на познати казина почина под сомнителни околности
-->

Дваесет и едно годишниот Аранѓел М. го загуби животот откако паднал од куќата во која живеел. Српските медиуми пишуваат дена момчето е син на сопственик на познати казина и златарници во Србија.
Локалните медиуми пишуваат дека момчето починало под сомнителни околности.
Според Пинк, Аранѓел извршил самоубиство од кровот на куќата на висина од 9 метри.
Српски Блиц, пак, пишува дека на кобниот пад му претходела расправија меѓу момчето и сосед пред чиј влез е пронајдено безживотното тело. Воедно во непосредна близина се наоѓа и автомобил со скршена шофершајбна, за што медиумите велат дека би можело да биде причина за расправијата.
Полицијата е на местото на настанот и увидот е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
