-->
-->
Трагедија кај преминот Богородица - згасна млад живот
-->
Трагедија се случила утринава кај преминот Богородица, откако автомобил удрил во ограда возачот починал на лице место.
Според информациите на МВР, утринава околу 03,00 часот на делницата од автопатот Граничен премин Богородица–Гевгелија, патничко моторно возило “Мерцедес“ со гевгелиски регистерски таблици управувано од М.К.(27) од с.Богородица удрило во металната заштитна ограда.
Во незгодата на самото место починал М.К., додека сопатникот во возилото М.П. (26) од с.Богородица се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со возило на Итна медицинска помош од Јавната здравствена установа Гевгелија бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид, се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
