Трагедија: 18-годишно момче загина во сообраќајка во Тетово
Осумнаесет годишно момче од Тетово загина во сообраќајна несреќа што се случила во неделата околу 22 часот и 30 минути на крстосниците на улиците 160 и 161 во близина на тетовската касарна. Во сообраќајката се повредени четири лица, од кои едно е со потешки повредеи.
– До несреќата дошло поради судир на две возила, ауди кое го управувал 17 годишник и рено меган што го возел 19 годишник. По судирот животот го загубил 18 годишниот Ш.Љ кој бил сопатник во аудито. Втор сопатник во аудито на 16 години добил тешки повреди, по што е однесен во Клиничкиот центар во Скопје, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
И двајцата возачи се примени во тетовската болница.
– По првата лекарска помош, тој што го возел аудито е пуштен дома, а 19 годишникот што го возел реното е задржан во тетовската болница на лекување.Во болница поради повреди останал и трет сопатник од аудито. Во возилото рено имало тројца сопатници кои останале неповредени, рече Јосифовски.
Увид на местото направиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово по што дополнително треба да се утврдат причините.
Ново на Сител
-

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии
-

Ливерпул прв тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони
-

Сан Антонио го победи Портланд во првиот натпревар од плејофот, Вембањама постигна 35 поени
-

Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата во кабинетот на претседателката
-

Гостиварец остана без „мерцедес“ откако возел 178 км/ч на место каде е дозволено 80
-

Научници развија сензор за откривање дијабетес преку дишење
-

Зеленски: Европа треба да разработи сопствен систем за противракетна одбрана
-

Артета: Премиер лигата почнува одново, Сити има натпревар помалку, Арсенал е три бода понапред
