Тони Блер сугерира многу построги мерки за ограничување на мигрантите од ЕУ

Поранешниот британски премиер Тони Блер се заложи за воведување многу поостри мерки за ограничување на влезот на миграните од ЕУ, објаснувајќи дека само мигрантското прашање ги натера луѓето на минатогодишниот референдум, да се определат за Брегзит.
Во интервју за Би-Би-Си , тој рече дека Британија би можела да остане во Унијата, доколку значително се заостри контролата на европските мигранти.
Даунинг стрит 10 одби да ги коментира сугестиите на Блер, но министерот за одбрана Мајкл Фалон кој беше за останување на Британија во ЕУ, но сега е силен поборник на тезата за „почитување на волјата на гласачите“ му замерува на поранешниот премиер дека „задоцнил со предлогот“ што сега и го сугерира на актуелната Влада.
Конзервативците, а посебно антиевропските десничарски ториевци го осудуваат Блер дека како премиер во 2004 година, ја оставил „вратата на Британија отворена“ за мигрантите од тогаш новопримените десет членки од кои осум од земјите на Источна Европа.
- Наместо да се ограничи влезот, како што направија Франција и Германија во 2004 година, Блер и неговата влада дозволија слободен пристап на Источноевропејците до британскиот пазара на трудот, вели министерот Фалон.
Поранешниот премиер меѓутоа, објаснува дека ситуацијата во земјата и во Европа, тогаш и сега била сосема различна.
- Пред 13 години Британија имаше силна економија се до банкарската и финансиската криза во 2008 година, на земјата и беше потребна дополнителна работна сила, а и политичките интереси беа поинакви, тврди Блер.
Тој важи за еден од најсилните активисти против Брегзит, па вели дека го почитува резултатот од референдумот и верува дека актуелната Влада ќе го реализира планот за излез од ЕУ, покривајќи се со референдумското изјаснување, но предупредува дека расположението на гласачите „сега е понакво, отколку минатата година, кога прв пат се гласаше“.
Според сегашните прописи, мигрантите од ЕУ може да се вратат во своите земји ако во рок од шест месеци не обезбедат работа, не ја бараат а земаат социјална помош.
Институтот на Блер за глобална промена, сугерира нови мерки, според кои мигрантите од ЕУ не ќе може да влезат во Британија ако претходно немаат обезбедено работа.
Со новите мерки се предлага мигрантите без работа, да не може да отворат банкарска сметка, да изнајмат стан или да бараат социјални бенифиции, а невработените мигранти да немаат ниту право на бесплатна здравствена заштита.
Ново на Сител
-

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите
-

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
