Балкан
30. January 2017 - 9:37

Тлото не се смирува: Земјотрес од 4 степени, се стресе и Македонија

Ова утро како и во текот на целиот викенд кој е зад нас, се случија многу потреси како на Балканот, така и низ светот.

Ова утро се трсат повеќе делови на Турција, Италија, а од вчера се стресоа и Албанија и Грција. 

Најсилниот земјотрес утрово е во Измир, Турција, со јачина од 4 степени според Рихтер.

Во текот на вчерашниот ден беше регистриран потрес и во Македонија. Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала во 11.14 часот беше почуствуван во Македонија. Земјотресот бил почуствуван на 50 километри западно од Скопје, 11 километри северо-западно од Боговиње. Длабочината на потресот бил на 5 километри. 

Ова е нова серија земјотреси по неколку месеци, откако минатата година од силниот потрес во септември од 5,2 степени по Рихтер, имаше многу потреси во нашата земја.

Се надеваме тлото ќе се смири.