Тилерсон: САД не бараат промена на режимот во Северна Кореја

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека Владата на САД не бараат промена на режимот во Северна Кореја.
- Ние не сме непријатели, истакна Тилерсон, додавајќи дека Вашингтон сака и дијалог во некои области.
Изјавата на државниот секретар доаѓа во време на зголемени тензии околу севернокорејската ракетна програма, како и по изјавата на републиканскиот сенатор Линдзи Греам дека претседателот на САД, Доналд Трамп ги испитува можностите и за војна со Северна Кореја, како една од опциите.
Официјален Пјонгјанг соопшти дека последната ракетна проба покажала дека севернокорејската армија може со интерконтинентална балистичка ракета да го погоди западниот брег на САД, па дури и подалеку од него.
Тилерсон, сепак, уверува дека САД не претставуваат никаква закана за Северна Кореја и ја префрла вината за сегашната криза врз Пјонгјанг.
- Токму вие ни покажувате дека сте сериозна закана за нас (Американците), па затоа мораме да одговориме, посочи државниот секретар Тилерсон.
Изминатите денови претседателот Трамп повеќепати ја критикуваше Кина затоа што не прави ништо за да се прекине со ракатните проби.
Кина и Северна Кореја имаат копнена граница, а Кинезите се главниот севернокорејски економски партнер и со режимот во Пјонгјанг од подамна имаат блиски врски.
Официјален Пекинг се оглушува на ваквите критики од Вашингтон, инсистирајќи дека проблемите околу најновата криза треба да ги разрешат меѓусебе САД и Северна Кореја.
Изјавата на Рекс Тилерсон се толкува како можност за ублажување на критичната реторика кон Кина, зашто ја префрла вината за кризата врз Северна Кореја.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
