Тилерсон: Работата за преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим почнува веднаш

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека Стејт департментот веднаш ќе почне со подготовките за да ја реализира одлуката на претседателот Доналд Трамп за преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим.
- Претседателот ја донесе својата одлука по консултации со бројни пријатели, партнери и сојузници. Ние цврсто сметаме дека имаме шанса за траен мир, изјави Тилерсон за време на неговата посета на американската воена база Рамштајн во Германија.
Се проценува дека изборот на соодветена локација за амбасдата, изградбара на зградата и преместувањето на дипломатскиот персонал може да трае повеќе години.
Американскиот Конгрес донесе одлука да ја пренесе амбасадата во изралескиот главен град во 1995 година, но оваа одлука беше постојано одложувана поради страв дека ќе им наштети на односите меѓу Израел и Палестинците, како и дека ќе ги наруши односите со муслиманските држави, кои сакаат Ерусалим да биде поделен при некое идно мировно решение.
Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли изјави дека одлуката на претседателот Трамп била донесена самостојно, без на тоа да влијаат израелските власти.
Ново на Сител
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
