Тетовската пожарна гаснеше пожар под трибините на градскиот стадион
Тетовските пожарникари синоќа гаснеа пожар што избил под трибините на градскиот стадион. Се запалил еден дел од подтрибинскиот простор, со деловна намена како дуќани или работилници. Нема повредени во пожарот кој избил во 20.35 часот, а е изгаснат во 21.45 часот.
-На почетокот бевме доведени во опасност поради таканаречена појава на „фрлање на струјата“, односно ненадеен проток, кратки споеви и мали експлозии. Затоа што водата е спроводник на електрична енергија не можевме веднаш да интервениравме па тоа беше направено отакко беше исклучена струјата. Употребивме вода со пена за да се спречи понатамошното ширење на огнот. Изгоре и дел од столчињата на стадионот, изјави Ука Алити,командант на тетовската пожарна.
Тетовската противпожарна единица интервенирала со четири возила и девет пожариникари.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
