Тесла произведе 2.000 автомобили неделно, а Маск се шегува дека банкротирале

Вредноста на акциите на производителот на електрични автомобили Тесла вратија дел од својата вредност по падот од осум проценти во текот на минатата недела, предизвикан од сообраќајната несреќа во која лице загина возејќи се во самоуправувачка Тесла.
Менаџментот на Тесла испрати порака до вработените во која ги информираше дека компанијата успеала да произведе повеќе од 2.000 возила Модел 3 во текот на минатата недела, што е нов рекорд за Тесла. Ова придонесе да се намалат загубите на Тесла на светските берзи, предизвикани од сообраќајната несреќа.
Притиснат од серијата проблеми во компанијата, во неделата основачот на Тесла Илон Маск направи првоаприска шега, објавувајќи дека компанијата банкротирала.
- Илон беше најден во бессознание, легнат на Тесла Модел 3, празни шишиња Теслакила покрај него, со се уште видливи траги од солзи на неговите образи, напиша милијардерот на својот Твитер профил.
Ново на Сител
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
-

Променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
