-->
-->
Тешка сообраќајка во Кавадарци - Судир помеѓу камион и автомобил
-->

– Едно лице е тешко повредено во сообраќајка што вечерва се случила кај кавадаречкото село Марена. Ова го потврдија за МИА од Службата за итна медицинска помош. Началникот на службата, доктор Ратко Грков рече дека според првичните информации, полесно е повредено уште едно лице. Двете лица биле пренесени во кавадаречката болница.
Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, појасни за МИА дека во тешка сообраќајка едно лице е потешко повредено и пренесено во општа болница Кавадарци. Се судриле товарно моторно возило Сканија и патничко моторно возило голф, двете возила со кавадаречки регистарски ознаки. Засега не можеше да каже повеќе детали.
На самото место интервенирала и противпожарната служба, бидејќи имало заглавено лице во возило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
-

Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд
-

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет - енергетската стабилност
-

Рибарски: Голем број станови изградени пред 2000 година се запишани со помала квадратура во Катастарот
-

Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе одржи камп во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка
-

Мицкоски: „Костал“ е инспирација да продолжиме да се надополнуваме, поддржуваме и заеднички да напредуваме
-

Над 1.800 вработени во јавното здравство поднеле судски тужби против своите установи
