-->
-->
Тешка кражба во црквата Свети Кирил и Методиј во Тетово
-->
Околу 5 илјади денари биле одземени при тешката кражба што синоќа во периодот помеѓу 22 и 23 часот засега непознат сторител ја извршил во црквата Севти Кирил и Методиј во Тетово, информираше портпаролката на МВР Лиза Бендеска.
Според нејзините податоци, сторителот насилно ја отворил влезната врата по што ги одзел парите и заминал во непознат правец.
- Веднаш по пријавата екипа на СВР Тетово извршила увид и презема мерки за расчистување на случајот, рече Бендеска.
Оваа е вкупно 11. кражба во верски објкети во тетовскогостиварскиот регион од почетокот на годината при што се одземени околу 30 илјади денари, две мали икони од црквата во Фалише, како и 150 метри електричен кабел од манастирот во гостиварската населба Циглана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
